Подгответе се за снежна бура која ќе ни донесе повеќе од 50 сантиметри снег
Викендот пред нас планирајте го за активности на снег. Но, повеќе низ пониските места, бидејќи времето на планините нема да биде сосема наклонето за оние кои одат таму да „уживаат“.
Се очекува врнежите во сабота наутро да бидат од дожд низ пониските места, а од снег на планините, пишува порталот за временска прогноза Метеопро.мк.
Но веќе од доцна претпладне во северните делови од земјата врнежите ќе преминат во снежни, а попладне тоа ќе се случи низ целата земја. Снегот ќе биде локално поинтензивен попладне, затоа внимавајте доколку планирате патување.
Снежната покривка на планините во северниот и јужниот регион би требало да се зголеми за околу 60 сантиметри со нов снег, но заради ветерот очекувани се и поголеми снежни наноси, особено околу Кожуф.
На пониските места се очекува покривка околу 15 – 20 сантиметри.
В недела се уште ќе биде облачно, претпладне со слаб до умерен снег, додека попладне врнежите ќе бидат значително ослабени, а делумно и престанати.
Сабота ќе биде потопла наутро. Температурата ќе биде во постојан тренд на опаѓање. Максималната вредност во северните предели ќе биде околу 4°С, а во јужните околу 6°С
Недела постудена. Дневниот максимум нема да надмине 0°С во северните и западните делови, а само малку над 0°С, околу 1°С, се очекува на југоисток.
Ново на Сител
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...