Подгответе се за невреме и три дена дожд!
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер кој попладне во поголемиот дел од земјата ќе преминува кон северен.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб прежно северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
Најмногу дожд, 26 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврна во Скопје и во Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Лазарополе се регистрирани 24 литри, Тетово 23, Маврово 22, Пожаране 21, по 20 литри во Куманово, Крива Паланка, Гевгелија и Дебар, 19 во Ѓуруште и Пожар....
Утре преку денот ќе зголемена облачност со повремен дожд од крајот на денот. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон четврток. Во четврток облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе траат и во петок претпладне. До крајот на работната недела не се предвидуваат негативни утрински температури.
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда