-->
-->
Подгответе се, утре минусни температури
-->
Времето утре во Македонија на повисоките места и на планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец, а по котлините магливо, тивко и малку постудено.
Утринската температура ќе се движи од минус седум до минус еден, а дневната од пет до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде магливо и претежно тивко. Маглата ќе биде со послаб интензитет, а преку денот ќе се расчитува. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до шест степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. По котлините во одделни денови ќе има појава на слаба магла и температурата ќе биде пониска, а на повисоките места и на планините ќе биде потопло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот