Фудбал
19. August 2015 - 13:24

Подготвени сме за нов подвиг

Екипата на Работнички без напаѓачот Блаже Илијоски ќе го одигра првиот дуел со Работнички против рускиот Рубин Казан. 

И покрај се во тимот на „романтичарите“ се оптимисти исто како и пред дуелот со Трабзонспор. 
„Во Македонија многу ретко сме навикнати да стигнеме до оваа фаза од натпреварувањето. Јас и пред натпреварот со Трабзон, така и сега не планираме да бидеме само учесници на двомечот, туку да дадеме сѐ од себе. Да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат пред реваншот во Казан. Знаеме против каков клуб играме, знаеме дека се фаворити, ги респектираме, но ќе дадеме сѐ од себе за да ги победиме"-смета тренерот Ангеловски. 
Во редовите на Работнички покрај Илиоски прво на настап нема да имаат уште и Трајчевски и Митров. 
Средбата се игра во 20ч на Арената „ Филип Втори“.