Лусузен апартман
-Наташа во последните месеци беше многу неодлучна кога е во прашање породувањето. Често го менуваше мислењето каде за неа и за бебето би било најдобро. Сакаше во Виена, па во „Народен фронт“ во Белград, каде пред 11 години ја роди Хана, и на крајот по детални консултации со Лука одлучи тоа да биде во приватна болница. Тие резервирале луксузен апартман за почетокот на март. Лука цело време ќе биде покрај Натааш, кој судејќи по се, ќе се породи со царски рез. Докторот смета дека така е најбезбедно, со оглед на тоа што таа има 37 години, вели извор близок до пејачката.
Психофизички подготовки
За тој луксуз Беквалац ќе издвои прилично голема сума пари.
-Цената е 6.000 евра. Тука е вклучено породувањето, апартманот, присуството на Лука во салата, редовните контроли, но и психофизичките подготовки пред породувањето. Наташа воопшто не е исплашена, но и годи тоа што со експерти разговара за доаѓањето на новиот член во семејството. Останатите 4.000 евра ќе ги даде за замрзнување на матични келии, вели извор и додава дека пејачката за тоа сериозно размислувала кога последен пат беше во Виена.
-Во текот на прегледот во австриската престолнина, Наташа разговарала со гинекологот кој ја прашал дали е заинтересирана за замрзнување на матичните келии од бебето. Неа тоа и се допаднало, па се одлучила и на тој чекор. При раѓањето на девојчето ќе му се извади крв од папочната врвца која е богата со матични келии, за кои Наташа и Лука ќе ги испратат во банка за чување, најверојатно во Виена, вели изворот.