Подготвен декретот за прекин на трговијата на САД со секој партнер на Северна Кореја
Министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин соопшти синоќа пред новинарите дека доколку ОН не наложи нови санкции против Северна Кореја поради нејзините нуклеарни проби, тој веќе има подготвен указ кој треба да го потпише претседателот Доналд Трамп за прекин на трговијата меѓу САД и земјите што тргуваат со Пјонгјанг.
- Останува само декретот да се достави до претседателот за потпис, додаде тој.
Мнучин појасни дека со декретот тој ќе добие овластување да ја прекине трговијата и да воведе санкции против секој кој тргува со Северна Кореја.
- Претседателот ќе одлучи кога е вистинското време, давајќи одреден период на ОН да почне да дејствува во оваа насока, истакна Мнучин.
Во меѓувреме и јапонскиот премиер Шинѕо Абе и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин се договорија да работат координирано за наметнување на нови, построги санкции кон Северна Кореја, пренесе ДПА. Двајцата лидери разговараа на маргините на Источниот економски форум во рускиот град Владивосток.
Абе и Мун изјавија дека ќе инсистираат Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција која предвидува воведување „досега најтешки санкции, вклучувајќи прекин на доставување нафта“ против Пјонгјанг.
Абе и Мун, исто така, најавија дека ќе побараат од Кина и Русија да ги поддржат новите санкции.
Во предлог- резолуцијата од САД се бара замрзнување на сметките на севернокорејскиот лидер, нафтено ембарго за Северна Кореја, забрана на текстилниот извоз од Северна Кореја и вработување на нејзини работници во странство.
Ново на Сител
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб
-
Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија
-
Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида
-
Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани
-
Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор
-
Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД
-
Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож