Подготовки за новогодишна прослава во Битола
Широк Сокак раздвижен, се прават последните подготовки, се купува во последен момент се она што е потребно за прославата на Новата година, барем оние кои тоа ќе го направат во домашна атмосфера и во друштво. За сите оние кои ќе се одлучат да ја дочекаат новата година на плоштадот Магнолија, програмата започнува од 21 часот.
На плоштадот битолчани ќе се забавуваат со Сефедин Бајрамов, Силви Бенд, групата Боеми и кафана „Широк Сокак“.
Ги запрашавме битолчани каква очекуваат да биде новата 2019 година.
-Од новата година очекувам да биде поуспешна од оваа и од сите претходни. Среќа, радост, бериќет, љубов и мир. Кога ќе го стигнеш дното се е подобро, велат битолчани.
И локалите и рестораните во Битола вечерва ќе бидат исполнети. Но, од фризерските салони велат дека еуфоријата не толку голема како некогаш за правење фризури за најлудата ноќ.
-Годините наназад каде ние ги тргавме ножиците и алатите за потстрижување и работевме само со фризури и фенирање, поминаа тие гужви за самиот пречек, не е како годините наназад. Тие што имаат пари заминати се надвор од државата, нив не им е битно дали ќе имаат фризура за самиот дочек или не.
На плоштадот Магнолија точно на полноќ со огномет ќе се испрати старата и ќе се дочека новата година.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
