Македонија
17. August 2015 - 16:31

Поддршката за многудетните семејства го зголеми наталитетот

Семејствата се повеќе се одлучуваат за  трето дете. За прв пат по подолго време државата бележи раст на наталитетот. Бројот на новороденчиња минатата година бил за два отсо поголем во однос на 2013-тата. Подобрената демографска слика се должи и на се побројните многуденти семејства. Пробиштип е една од општините каде лани е регистриран најголем порсат на жените кои родиле трето дете. Ако во 2008 на таков чекор се одлучиле само 4 мајки, минатата година тоа го сториле 13. РАст за 131 одсто бележи Штип. Трето дете добиле 67 семејстава. Во Неготино минатата година имало 22 треторотки а во 2008-та 12 што е зголемување за 83 проценти. И Гевгелија е општина со се поголем број на жени кои во семјството добиле принова по трет пат. Лани се породиле 20 жени а 4 години претходно на трето дете се одлучиле 7 мајки помалку.Справувањето со белата чума и натаму останува еден од приоритетите на оваа влада.

- Демографијата останува во врвот на нашите предизвици како држава. Иако, со солидни ефекти од превземените мерки во последните 7-8 години, кои што изненадија многумина скептици кои не веруваа дека било какви мерки на владата воопшто ќе вродат со некаков резултат, сеуште, ниската фертална база која не очекува во наредната деценија, е голем предизвик. Овој би рекол европски предизвик, кај мала нација има позастрашувачки ефекти, одколку кај големите нации. Загрижува воспоставувањето пракса на се подоцнежно стапување во брак на младите, што се одразува и на бројот на деца во семејствата.

Со зголемување на новородени деца, после повеќе децении има и пораст на бројот на првачиња во училиштата. Овој септември ќе има најмалку 1114 новозапишани деца во споредба со лани.Но овие податоци не се пресврт во демографскиот пораст.Наталитетот како сериозен проблем и натаму останува како еден од приоритетните прашања на оваа Влада, преку поддршка на многудетните семејства и промоција на семејните вредности.

Општина Штип

2008 год. - 29 трети деца

2014 год. -67 трети деца

Раст  131 %

Општина Неготино

2008 год. - 12 трети деца

2014год. - 22 трети деца

Раст 83 %

Општина Гевгелија

2008 год.- 13 трети деца

2014 год. - 20 трети деца

Раст  54 %

Општина Пробиштип

2008 год. - 4 трети деца

2014 год. - 13 трети деца

Раст  225 %