Бизнис
27. јуни 2018 - 19:50

Поддршка за развој на социјалното претприемништво

Голем дел од социјалните претпријатија во Македонија се соочуваат со неодржливост. После година-две од нивното основање повеќе немаат финансии и не можат да опстојат. За таа цел во Битола се одржува обука за  да се најде одржлив бизнис модел кој ќе им донесе приходи.

-Со реализација на таков модел, со генерирање приходи кои ќе го направат претпријатието одржливо, сигурно е дека ќе се генрираат и доста работни места. Станува збор за ранливи, маргинализирани групи кои можат да си најдат вработување во вакви претпријатија, изјави Ѓорѓи Кушевски, оперативен директор во CEED Македонија.

Здружението „Ретки и различни“ од Битола опфаќа рурални области од пелагонискиот регион каде има родители кои не се многу информирани со можностите.

-Да придонесеме родителите да се запознаат со повеќе права, со оглед на тоа дека сум и родител на дете со посебни потреби, јас сум и директно инволвирана. Сакам да придонесам многу повеќе во опстојување на овие социјални претпријатија, изјави Вера Попчановска, Здружение „етки и различни“ Битола.

Целта е во Македонија да се пренесе искуството од Европа, каде социјалното претприемништво е доста развиено и претставува 10 отсто од сите бизниси.

 

Маја Богоевска, Сител Телевизија