Поддршка за 22 филмски проекти од првиот рок за аплицирање
Агенцијата за филм на РМ денеска ги соопшти резултатите од првиот рок за пријавување на конкурсот за финансирање проекти во оваа година, според кои поддршка за снимање ќе добијат 22 филма со вкупен буџет од 88.770.000 денари.
- Карактеристика е тоа што најголем дел од поддржаните проекти се на млади режисери од новите генерации кои завршуваат или штотуку завршуваат факултети за филм, рече директорот на Агенцијата Дарко Башески на прес-конференција.
Поддршка ќе добијат шест долгометражни играни филмови. Три се македонски проекти - по 18 милиони денари ќе добијат драмите „Здивот на ангелот“ (сценарио и режија на Јани Бојаџи) и „Жртва“ (сценарио на Огнен Георгиевски и режија на Марија Џиџева), а 14.300.000 денари ќе добие комедијата „Ах, љубов моја“ по сценарио и режија на Коле Ангеловски. Три долгометражни играни се филмови во кои Македонија е малцински копродуцент со други држави - „Пијавици“ на режисерот Драган Маринковиќ од Србија, „Хармс“ на Иван Болотников од Русија (двата поддржани со по 7 милиони денари) и „Жаба“ на босанскиот режисер Елмир Јукиќ, кој е поддржан со 5,4 милиони денари.
Со 1,2 милиони денари ќе биде финансиран долгометражниот документарен филм „Каубој македонски“ на италијанскиот режисер Фабио Фереро, кој се однесува на Македонците фармери кои живеат во Италија.
Кратки играни филмови се избрани десет - поддршка од по два милиона денари ќе добијат: „Cut here“ во режија на Кристијан Ристески, „Еден збор“ на Арсим Фазлија и „Шеќерни луѓе“ на Сузана Диневски; по 1 милион денари за снимање ќе добијат: „Старо железо“ во режија на Златко Калеников, „Денови како домино“ на Лавинија Софрониевска, „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска, „Кога те нема“ на Стефан Палитов, „Елена“ во режија на Дина Дума и „Разговор за животот“ на Агим Абдула, како и „Бет“ на Ујкан Хусај, кој е поддржан со 580.000 денари.
Краткометражни документарни се поддржани три: „Бегалец“ во режија на Душан Дракалски (1 милион денари); „Песна за Бекташот“ на Гоце Цветановски (1,4 милиони денари) и „Сонот на дервишот“ на Горан Костадинов (890.000 денари) и два кратки анимирани: „Кружно патување на монахот“ во режија на Жарко Иванов (1.760.000 денари) и „Илузија“ на Јелена Бешир (240.000 денари).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното