Македонија
8. August 2015 - 20:04

Поддршка и од премиерот Груевски на кампањата за Евробаскетот 2015

Премиерот Никола Груевски даде поддршка на кампањата за Евробаскетот кој во септември ќе се одржува ширум Европа, односно во четири европски држави, Хрватска, Франција, Германија и Латвија. 

Оваа година за првпат организаторот на првенството во кошарка организира турнеја на пехарот на ФИБА низ сите земји учеснички на првенството. На кампањата на ФИБА имаат дадено поддршка претседатели, премиери и министри за спорт од земјите учеснички.

poddrska-1

„ТROPHY TOUR“ – турнејата на ФИБА-трофејот започна на 19 мај во Рига (Литванија) и откако ќе пропатува низ сите земји-учеснички на ЕУРО БАСКЕТ 2015, ќе заврши на 30 август во Келн (Германија). Во Македонија  трофејот  пристигна од Варшава (Полска), а ние ќе го испратиме кон Антверпен (Белгија).

Ново на Сител