Под лажен идентитет уапсен наркобос од Македонија на аеродромот во Женева
Швајцарскиот портал „Блик“ објави дека 30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на наркомафија што дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија.
Според австриските истражни органи, уапсениот бил баран со европска потерница од 2022 година, под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми метамфетамин. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионална мрежа за дистрибуција на дрога.
Македонскиот наркобос, чиј идентитет не е објавен, долетал од Приштина и имал нови документи направени во Македонија, со сменето име. Но, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат според лицето, препознавајќи го од потерница.
Осомничениот наркобос бил експресно испорачан во Австрија, а заедно со него биле уапсени уште неколкумина поврзани луѓе, пишува швајцарскиот портал.
Ново на Сител
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц