Балкан
13. May 2024 - 9:34

Почувствуван земјотрес во Хрватска

Слаб земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала е почувствуван  во 4 часот и 35 минути во Хрватска.

Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од Загреб и 20 километри од Велика Горица на длабочина од осум километри.

Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил почувствуван на подрачјето на Петриња и Сисак, пишува 24сата.хр.