Почнува запишувањето ученици во средно образование
Во јавните средни училишта во Македонија денес и утре е првото пријавување и запишување на учениците во прва година во учебната 2017/2018 година во јунскиот уписен рок. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 30 јуни.
Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а резултатите ќе бидат објавени на 4 јули.
Документите потребни за пријавување и критериумите и условите се содржани во Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март и е поставен на неговата веб-страница (www.mon.gov.mk).
Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе бидат објавени на 25 август.
Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат утврдените ученички места за запишување ќе продолжат со запишување ученици до 31 август 2017.
Поради укинувањето на екстерното тестирање, направени се измени во објавениот Конкурс во кој се избришани условите поврзани со резултатите од екстерното проверување на постигнувањето на успехот на ученикот.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп