Почнува второто полугодие, учениците се враќаат во клупите
Околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња денеска се враќаат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година.
Додека траеше тринеделниот распуст, можноста за негово пролонгирање се очекуваше од опасноста од заразата од морбили, но не малите сипаници туку загадениот воздух им донесе дополнителни два дена одмор на основците и средношколците.
Владата и МОН во неделата попладне донесоа итна мерка за уште два дена распуст, а вчера соопштија дека мерката престанува бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање.
Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов вчера изјави дека до понеделник МОН ќе донесе одлука дали двата дена ќе се одработуваат и до понеделник ќе ги извести сите општини и училишта.
Ново на Сител
-
Приведен лихвар од Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9