Македонија
27. October 2016 - 8:24

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Во Центарот за јавно здравје-Скопје од денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. 

Како што информираат од Центарот, вакцинацијата ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 часот во сабота. Цената на една вакцина изнесува 400 денари.

Вакцината штити од три типа на вируси ( 2 А и 1 Б) и е наменета главно за лица со хронични болести, независно од возраста - за лица над 65 години, за лица со намален имунитет, лица кои се изложени на контакти со многу други лица, здравствени работници и за сите оние кои по своја желба сакаат да превенираат инфекција на грип.