-->
-->
Почнува „Струмица опен фестивал“
-->
Со звуци од македонски шлагери во изведба на Љубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор и Даме вечер почнува 11-то издание на „Струмица опен фестивал“. Фестивалот ќе трае до 19 август со вкупно 20 настани на повеќе отворени сцени во градот.
Според организаторот, Здружението на граѓани „Културен забавен живот“, овој фестивал е најголемата културно-уметничка и забавна манифестација во регионот. Најавуваат уште едно спектакуларно издание и ги покануваат сите за да раскажат уште една фестивалска приказна под отворено небо.
Програмата е поделена во три дела.
-Во првиот, покрај музика планирани се филмските проекции на добитниците на Оскари и меѓународни награди-македонските играни филмови „Налепница“, „Баскет“, „Стела“ и „Сестри“. Со стиховите афоризми исполнети со сатира и смеа со Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски Струмица, Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград од Србија. Стихови на поезија за душа со Вања Изова Велева од Струмица и Стефан Марковски од Гевгелија. И во ритамот на традицијата -концерт на фолклорна низа за сите љубители на танцот, македонската традиција и култура, информираат од „Културен забавен живот“.
Вториот дел е посветен на спортот и спортските активности, а во последниот дел ќе настапат повеќе македонски музички ѕвезди, потоа завршниот концерт од Летната школа за гитара под менторство на Васко Пиличев, како и вечер посветена на музичката легенда, Гоце Арнаудов.
Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Струмица и Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање