Почнува со работа германската фабрика „Техникал Текстајлс“ во ТИРЗ Штип
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворањето на фабриката на германската компанија „Техникал Текстајлс“ во Технолошко индустриската развојна зона - Штип.
Инвестицијата е вредна над 10 милиони, а планирани се 1.000 вработувања. Договорот за оваа инвестиција сопственикот Јенс Венгланд и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо го потпишаа во април оваа година. Во фабриката ќе се произведува фибер стакло за индустријата, за бродската индустрија и за индустријата за енергија на ветер.
Како што тогаш изјави сопственикот на Техникал Текстајл Венгланд, идејата за инвестирање во Македонија произлегла од рекламата која ја видел во авион додека патувал кон Абу Даби каде што требало првично да се реализира оваа инвестиција, а го привлекле и подобрите услови што ги нуди Македонија за правење бизнис.
Планирано е за една година доколку оди добро со оваа инвестиција да почнат и производство на алуминум и пластика.
Ново на Сител
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора