Почнува со имплементација Програмата за прекугранична соработка со Србија
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешниот состанок разговараа за последните подготовки за отворање канцеларија во Куманово за имплементација на ИПА Програмта за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија.
Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, на состанокот на кој присуствуваа оперативните структури од двете земји, министерот Фазлиу и амбасадорката Дивјак Томиќ, му се заблагодариле на градоначалникот Димитриевски за поддршката што ја дава општината со отстапување на канцеларија за потребите на Програмата.
Програмата за прекугранична соработка со Србија е нова програма, која ќе биде финансирана со средства од ИПА инструментот на Европската Унија и кофинансирана со средства од буџетот на државата.
Во соопштението е наведено дека во завршна фаза е процесот на воспоставување на заедничките технички тела, а се подготвува и првиот повик за проекти на кој што ќе можат да аплицираат општини, граѓански организации и други непрофитни субјекти од двете земји.
Заради успешно спроведување на програмата во тек се обуки за подготовка на проектна апликација за потенцијалните апликанти, а исти такви обуки ќе бидат организирани и за заинтересираните субјекти во Србија.
Ново на Сител
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот

