Живот
13. October 2023 - 12:26

Почнува „Самун ем татлија“ во Радовиш

Со радовишкиот собор вечерва започнува деветото издание на манифестацијата „Самун ем татлија“ посветена на двата гастрономски бренда на Радовиш. За време на трите фестивалски денови ќе работат 10 фурни кои се очекува да подготват околу 15.000 самуни. Освен презентацијата на традиционалните радовишки специјалитети, организаторите најавуваат и богата дневна и вечерна програма со голем број познати музички имиња. Градоначалникот Ацо Ристов вели дека оваа манифестација е многу значајна за промоција на градот и општината, но и за развој на локалната економија.

Како гости на манифестацијата ќе бидат и претставници од збратимените општини на Радовиш со кои е предвиден и работен дел за размена на  идеи за идна соработка.

Според првичните проценки оваа манифестација се очекува да ја посетат над 10. 000 туристи.