-->
-->
Почнува самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес
-->
Шестиот самит на држави од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес почнува денеска во Познањ во Полска, која претседава со процесот. Во рамки на самитот денеска ќе има форум, а утре и Бизнис форум ЕУ-Западен Балкан и Форум на цивилното општество.Берлински процес и Самит на земјите од Западен Балкан годинава ќе се одржи до 5 јули. Тоа е иницијатива што поддржува регионална соработка на Западен Балкан и ја дополнува политиката на проширување на Европската унија.
– Конференцијата организирана во рамките на Берлинскиот процес претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сенк.
Тој додаде дека целосна европска интеграција е можна само ако граѓаните се вклучени во процесот.
Во процесот се шест партнери од Западен Балкан, Европската комисија, одделни земји на ЕУ, меѓународни финансиски институции, меѓународни и регионални организации.
Полска се приклучи на процесот во 2018 година, а во 2019 година го предводи тој процес.
Претходните самити се одржаа во Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017) и Лондон (2018).
Берлинскиот процес е покренат од страна на германската Влада во 2014 година. На овогодинашната конференција, како што претходно беше најавено, ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.
Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц во петокот изјави дека е предвидена и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
