Почнува работењето на новиот Универзитет „Мајка Тереза“
На новиот Универзитет „Мајка Тереза“ денеска ќе биде одржан првиот академски час.
Во состав на Универзитетот има пет факултети - Факултет за социјални науки, за информатички науки, за технолошки науки, за технички науки и факултет за градежништво и архитектура.
Како што соопшти неодамна министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, според конкурост за запишување на студенти беа предвидени 1220 места во прва година за сите пет факултети.
Новиот универзитет за настава ќе ги користи простории на Штуловиот универзитет во Скопје. Во 2017 година се очекува да почне изградба на негов сопствен објект на местото на касарната „Илинден“.
Првиот академски час денеска ќе се одржи во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, каде ќе присуствува и министерот Лутфиу.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството