Почнува првиот фестивал „Summerland 2019“
Од вечерва до 28 јули овој месец во Градски парк, со главна бина на Школка, ќе се одржува првиот фестивал „Summerland 2019“. Посетителите ќе можат секојдневно да уживаат во музичка програма и забавни активности за сите возрасти.
Фестивалот „Summerland“ е под покровителство на Град Скопје. Градските власти за оваа манифестација имаат издвоено четири милиони денари.
– По доброто искуство што Скопје го имаше со „Винтерленд“, го најавуваме вечерашното отворање на „Самерленд“ што ќе биде лоциран во Градскиот парк, кај Школка. Почнувајќи од вечерва па се до крајот на месецов граѓаните на Скопје ќе можат секоја вечер да уживаат во богата уметничка програма, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Шилегов смета дека „Summerland 2019“ за скопјани ќе биде пријатно место каде ќе може да го поминуваат своето слободно време, да се дружат, рекреираат и изрази надеж дека оваа манифестација ќе стане традиционална.
Забавната програма на „Summerland“ ќе се одвива секојдневно од 18:00 до 00:30. Отворањето ќе биде вечер во 22 часот со групата „Нокаут“. Утре ќе настапат ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, а в сабота и недела ќе има странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.
Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во рамки на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини…
Одговарајќи на новинарско прашање за автобусите од јавниот градски превоз и оти во дел од нив нема клима, Шилегов рече концесискиот договор со приватните превозници го има наследено како градоначалник во времетраење од пет години и преостануваат уште две ипол години.
– Видот, типот, квалитетот на автобусите се определни од претходната градска администрација и ние сме немоќни. Постојат активни договори со приватните концесионери и квалитетот на автобусите кои тие го имаат. Се грижиме автобусите на ЈСП „Скопје“ секогаш да бидат климатизирани, рече Шилегов.
Прашан дали одлучил кој ќе биде директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), Шилегов појасни дека се уште нема извештај од Комисијата и најави оти се ќе биде соопштено.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски

