Фудбал
16. July 2015 - 11:15

Почнува продажбата на билетите за фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија

Македонската фудбалска федерација денеска ја почнува продажбата на билетите за квалификацискиот дуел Македонија – Шпанија.

 
Натпреварот ќе се одигра на 8 септември денот кога Македонија ја слави својата независност.
 
Поради празникот и поради желбата за полна Национална арена „Филип Втори“ во Скопје, ФФМ одреди популарни цени од 150 до 400 денари во зависност од местото на трибините.
 
Влезниците по овие промотивни цена до 25 август можат да се купат во сите продажни места на „МК Тикетс“. з