Македонија
29. September 2017 - 8:33

Почнува примената на програмата „Општинско корисна работа“

Почнува примената на програмата „Општинско – корисна работа”, која е дел од ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017 година.

Претставници од 39 општини денеска во Скопје по повод почетокот на програмата ќе дискутираат за новите оперативни насоки за реализација на проекти и ќе споделуваат искуства.

На настанот е предвидено обраќање на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, најави Министерството за труд и социјална политика.