Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, набавени рекордни 80.000 дози

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.
- Интересот на граѓаните за бесплатната вакцинација против сезонски грип секоја година е сѐ поголем, што покажува зголемена свесност за значењето за заштита од грип, и уште еднаш ја потврдува важноста и потребата од оваа превентивна мерка. Ги повикувам граѓаните, а посебно лицата од ризичните категории навреме да го заштитат своето здравје. Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип - 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
