Почнува петтиот Париски мировен форум
Лидери на голем број меѓународни организации и држави денеска ќе учествуваат на петтиот Париски мировен форум насловен „Излез од повеќекратна криза“.
Форумот е посветен на најголемите предизвици на денешницата, меѓу кои влошените климатски промени, брановите на пандемијата на коронавирусот, продлабочувањето на нееднаквоста и геополитичките конфликти со глобални последици. Исто така во фокусот ќе биде и спречување на деструктивната поларизација на светот.
На Парискиот мировен форум Меѓу ќе се обратат претседателот на Франција, Емануел Макрон и претседателите на Аргентина и на Колумбија, Алберто Фернандес и Густаво Петро. Исто така ќе се обратат и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Матијас Корман, извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.
На средбата, меѓу другите, ќе говорат гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), Карло Монтичели и генералните директори на Меѓународната организација на трудот и УНЕСКО, Жилбер Унгбо и Одре Азуле.
Парискиот мировен форум го започна Макрон во 2018 година, на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, со цел да се промовира мултилатерализмот.
Ново на Сител
-
Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци
-
Му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот - дрвокрадци нападнале шумски полицајци во Велес
-
Судот му го одзеде пасошот на Јован Деспотовски по прифатените мерки на претпазливост
-
ЈО: Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, предложено да му се одземе пасошот
-
Деспотовски: Неточни се информациите дека сум приведен
-
Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот
-
Лице барано по судска наредба со соучесник физички нападнале полициски службеници - следува пријава
-
Путин изразил сочувство и му се извинил на Алиев за падот на азербејџанскиот авион кај Актау