Почнува „Панфиз 2017“
Шест претстави од Франција, Германија, Романија, Бугарија и две од Србија ќе бидат изведени на 10. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ што ќе се одржува од денеска до 10 октомври на малата сцена на Македонскиот народен театар.
На годинашното јубилејно издание ќе гостуваат пантомимичари со различни естетики, некои од нив веќе гостувале на „Панфиз“ во изминатите години, некои се и добитници на награди на овој фестивал, како што е Герасим Дишлиев од Франција кој ја доби наградата во 2009 година.
На 8-ми и 9 октомври ќе има по две престави во термините од 19.30 и од 21.30 часот - „Хомо Американус“ на Пол Цимпоеру од Романија и „Богатството“ на бугарското дуо Веки Бојс (во недела) и „Кратки визуелни приказни“ на дуото Мимикри од Германија и „Постквартет“ на Пулс театар од Лазаревац, Србија (во понеделник).
И оваа година „Панфиз“ им посветува внимание на лицата со посебни потреби. Во вторник, 10 октомври, ќе биде изведена претставата „Прва солза“, според расказ од Борисав Станковиќ, со која ќе гостува општинската организација на глуви и наглуви од Врање. По оваа изведба ќе биде доделена Наградата за најдобра претстава на „Панфиз 2017“ која е под покровителство на Росен Пацов од Бугарија.
На отворањето ќе биде промовирана монографија за фестивалот на авторот Тодор Кузманов.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот