Македонија
12. July 2016 - 19:24

Почнува Охридско лето

Започнува најпрестижната културна манифестација Охридско лето.Со настап на Оперската дива Елина Гаранча од Латвија под диригентската палка на маестро Ион Марин и Македонската опера и балет на Античкиот театар ќе се отвори завесата на 56 тото издание на фестивалот.

Љубителите на уметноста на отворената сцена во градот под Самоиловите кули ќе може да уживаат во популарните  арии на Чајковски, Сен Санс и Гуно, и во композиции од операта „Кармен“.

Градот Охрид ќе биде домаќин  на вкупно 800  врвни уметници, изведувачи, артисти и творци од 18 земји од целиот свет.

Свеченото затворање на фестивалот ќе биде со концертниот проект „На светов убавина“ од Горан Трајковски, во чии рамки ќе биде изведена театарска музика од последната декада .