Балкан
24. April 2018 - 13:14

Почнува истрага против полицајците што го уапсија Ѓуриќ

Сите полициски службеници кои учествувале во акцијата за апсење на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, во спрската Влада, Марко Ѓуриќ, на 26 минатиот март во Косовска Митровица, ќе подлежат на истрага од страна на Инспекторатот на косовската полиција.

Според косовските медиуми истрага за припадниците на специјалната полициска единица побарал косовскиот заменик министер за внатрешни работи, Милан Радојевиќ.

Во изјава за локалните медиуми во северниот дел на Косовска Митровица, Радојевиќ потврди дека полицискиот инспекторат на Косово и официјално почнал истрага за да се утврди кривичната одговорност на оние кои учествувале во акцијата за апсење на Ѓуриќ, а во која бил повреден и косовскиот министер за замјоделство Ненад Рикало.

Во акцијата на косовските специјалци врз Србите во Косовска Митровица каде се одржуваше средба со официјални претставници на српската Влада лекарска помош побарале 32 луѓе, а меѓу нив неколку градоначалници, како и заменикот на уапсениот, па протеран, Марко Ѓуриќ.

По овој голем инцидент во Белград допатува шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, која по состанокот со српскиот претседател, Алексанадр Вучиќ, изјави дека вакво нешто повеќе не смее да се повтори во Косово.