Почнува фестивалот „Балканска колонија на ракотворци“
Фестивалот „Балканска колонија на ракотворци“ почнува денеска во Битола во рамки на „Битфест“.
На колонијата, која ќе трае до 16 август, ќе создаваат ракотворци и уметници од Скопје, Велес, Прилеп, Куманово и Битола. Нив ќе им се приклучат уметници од Израел, Турција, Австрија, Србија и Босна и Херцеговина, ракотворци од Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Битола и од Здружението на слепи лица од Битола.
Низ едукативните сесии и работилници ќе им се приклучат студенти и дипломци од Факултетот за ликовна уметност и студенти со искуство во реставрација и конзервација.
Мастерклас во времетраење од пет дена ќе одржи академскиот уметник, скулптор и специјалист за мозаици Руслан Сергеев од Израел. Тој ќе работи со шест дипломци и студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, предводени од Тони Николовски, виш конзерватор и реставратор.
Како пропратна програма се планира и реализација на трибина за дефинирање на профилот на битолскиот чкембар, за што Рамазан Ајкилич, сликар од Измир прифати да направи скица. Нивните намери се цртежите да прераснат во битолски традиционален сувенир.
Една од вечерите (15 август) ќе биде посветена и на трката на авторот Живко Поповски Цветин за влез во Гинисовата книга на рекорди за 2015 со најдолгата насликана со акрилни бои и цвет, Цветна патека за мир.
Третата по ред Балканска колонија на ракотворци се реализира со поддршка на Министерство за култура, Советот на општина Битола и други донатори поддржувачи и поттикнувачи на ракотворците. Организатор е граѓанското здружение Астерион 5, чија мисија е промоција, едукација, подигнување на етичноста и професионализмот и заштита на ракотворците во пелагонискиот регион.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба