Македонија
16. October 2015 - 9:37

Почнува 13. „Албански тетар во Македонија“

Театри од Тетово, Тирана, Прешево и Приштина ќе гостуваат на 13. „Албански театар во Македонија“ што почнува вечер во Дебар.

Фестивалот ќе трае пет дена, а го отвора кумановскиот театар со претставата „Bouncers“ на авторот John Goldberg, во режија на Ќазмедин Нуредини. 

Последната вечер, пред доделувањето на наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка, пред дебарчани ќе настапи националниот балет од Приштина. 

„Албански театар во Македонија“ традиционално се одржува во Центарот за култура во Дебар, а финаниски е подржана од Министертвото за култура.

Вечер пред присутните ќе се обрати градоначалникот на Дебар Ружди Љата.