Почнати подготвителни активности за ветингот во МВР

Министерство за внатрешни работи ќе направи целосен ветинг на вработените. Почнати се подготвителните активности, направени се компаративни анализи и наскоро се очекува дефинирање на правната рамка, која ќе биде предложена до Собранието.
Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
- Очекуваме врз основа на строго утврдени правила и критеруми да се изврши процесотна ветинг на секој вработен во МВР. Тоа значи да има професионални полицајци, декриминализирана, департизирана полиција, која ќе го штити интересот на граѓаните, полицајци, кои професионално и одговорно си ја вршат својата задача, нагласи Спасовски.
Додаде дека во текот на тој процес ќе се види дали полициските службеници „се службеници или воедно и бизнисмени или се вклучени во други криминални активности“ и нагласи дека целта е пред се да се врати довербата на граѓаните во полицијата.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
