Почнаа уписите на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“
Почна првиот уписен рок на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. На 12 факултети и три академии за ликовна, музичка и филмска уметност ќе може да се запишат вкупно 5.390 студенти, од кои 3.172 како редовни, 1.208 редовни со кофинансирање и 1.010 вонредни студенти.
Проректорот за настава на УГД-Штип, Емилија Јаневиќ – Ивановска, вели интересот е во рамките на очекувањата.
- Вообичаено, во првите часови од пријавувањето најмногу интерес имаше за Факултетот за медицински науки, како и за Правниот факултет, а се очекува, како и минатата година, и техничките факултети да ги пополнат очекуваните квоти, вели Јаневиќ-Ивановска.
Таа забележува дека оваа година имаат интерес од страна на ученици чии родители одамна се иселиле во странство и затоа се во постојан контакт со Министерството за образование за нострификација на нивните дипломи и начинот како да се запишат на некои од факултетите.
На Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ до 10 часот се запишале од 450 до 500 студенти, а раководството на Универзитетот очекува бројот на запишани студенти во прва година да биде идентичен како и минатата година, односно да се запишат од 3.000 до 3.500 студенти.
Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок ќе се одвива и утре и задутре (13 и 14 август). Кандидатите преку веб-страницата на УГД www.ugd.edu.mk ќе можат онлајн да ги следат ранг-листите и своето место на нив, а официјалните резултати, односно решенијата за упис од првиот уписен рок ќе бидат објавени на 21 август.
Запишувањето на примените кандидати од првиот уписен рок ќе се врши на 24 и 25 август, кога ќе се реализира и вториот уписен рок.
Ново на Сител
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023