-->
-->
Почнаа претседателските избори во Тунис
-->
Во Тунис денеска се одржуваат претседателски избори на кои нема убедлив фаворит, а главното прашање со кое се соочува земјата се економските проблеми, јавуваат британските медиуми.Граѓаните на Тунис пред осум години со револуција ја симнаа автократската власт, која подоцна ги инспирира и граѓаните на Египет, Јемен, Бахреин, Либија и Сирија, потестуваат медиумите.
Вниманието на меѓународната јавност, посебно на арапските земји, е насочена кон умерената исламистичка партија Енахда. Граѓаните на Тунис со внимателност ја следат и судбината на медиумскиот могул Накиб Каруи, претседателски кандидат кој се наоѓа во затвор заради обвинение за перење пари и затајување данок, што тој го негира.
Меѓу 26-те кандидати за претседател се и актуелниот премиер Јусеф Чахед, како и двајца поранешни премиери и претседател. Доколку никој од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, ќе се оддржи и втор круг од гласање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
