Почнаа подготовките за „Штипската пастрмајлијада“
Во Штип денеска почна поставувањето на бината за манифестацијата „Штипска пастрамајлијада“, која почнува во петок, а завршува во недела. Кирил Панајотов советник во Општина Штип на денешната прес-конференција истакна дека како организатори се подготвени, а очекуваат и голем број на гости кои ќе го посетат градот Штип, со цел да го вкусат познатиот штипски бренд, но и да се забавуваат со познатите музички имиња од Македонија и соседните земји.
- Подготвени се веќе шемите за тоа како ќе бидат поставени штандовите на над 35 угостители и очекуваме дека утре веќе завршно ќе бидат поставени, а со тоа ќе започне и изменетиот сообраќаен режим на овој простор, вели Панајотов.
Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов, вели дека програмата на манифестација почнува од 19 часот, кога познатата штипска фирма „Макпромет“ ќе ја престави џиновската пастрмајлија, по што гостите ќе можат да уживаат во настапите на Градскиот хор, Сузана Спасовска, групите од Србија и Бугарија „Галија“ и „Кикимор“.
- Во сабота започнуваме со Есмаз бенд, потоа следуваат „Дивље јагоде“ и Лепа Брена, а во недела музчиките точки исто така започнуваат во 20 часот со настап на „Тоа е тоа“ една рок група составена од врвни музичари, постоа следи настап на Тања Савиќ и на крајот следи настапот на хрватската звезда Јелена Розга, вели Ристов.
Гостите и туристите кои се очекуваат да пристигнат од земјава и странство ќе имаат организирани паркинзи за своите возила, а во централното градско подрачје во текот на манифестацијата нема да се наплаќа паркинг просторот. Општина Штип како организатор на „Штипската пастрмајлијада“ има голема помош од полицијата и од двете јавни претпријатија.
Согласно буџетот општината за оваа манифестација има предвидено околу два милиони денари, а главен покровител е фирмата „Скопско“. Цената на пастрмајлиите кои ќе се продаваат на штандовите е 120 денари и угостителите мора да се придржуваат на стандардите кои веќе ги имаат утврдено организаторите.
Ново на Сител
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје