-->
-->
Почнаа активностите за 12. издание на Пијанечко-малeшевската свадба
-->
Со посета на институции и канење на гостите, членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево ги почнаа активностите за Пијанечко-малешевската свадба. Манифестацијата се одвива неколку дена, а главниот дел ќе се одржи в сабота.
Како што истакна организаторот Зенил Реџепов, денешниот адет на канење на гостите се прави на стар автентичен начин како што некогаш налагале обичаите на овие простори.
- Нашите членови од КУД Гоце Делчев“ денес со шарени бонбони, погача и пијанечка ракија од сина слива ги покануваат вработените во институциите, фирмите и граѓаните на Делчево и регионот за да присуствуваат на годинашното издание на Пијанечко-малешевската свадба. Како организатори ние сме подготвени за финалната вечер која ќе се одржи в сабота, 8 септември, на летната сцена во Делчево, рече Реџепов.
Главни носители на 12. издание на пијанечкиот бренд се младоженците Милена Параскова и Иле Гоцевски, кои на летната сцена во градскиот парк во Делчево в сабота ќе ја крунисаат својата долгогодишна љубов.
Во предвечерието на 12. издание на Пијанечко-малешевската свадба ќе се одржи и 42. издание на Меѓународниот музички и фолклорен фестивал на кој ќе настапат повеќе музички и фолклорни групи од земјава и странство.
Настанот во партнерство со општините Делчево, Пехчево и Берово е поддржан од Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот