Бизнис
4. November 2015 - 19:53

Почна ветената реконструкција на регионалниот пат Клепач – Новаци

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Новаци- Клепач во Могила. Она што премиерот Груевски го вети пред месец дена кога го посети местото,денеска почна да се реализира. Патот е долг 19 километри а инвестицијата е вредна 1,15 милони евра.

Патниот правец ги поврзува општините Могила и Новаци. Годинава е рекордна кога се работи за изградба на патната инфарструктура. Министерот Мисајловски кој изврши увид во градежните активности информираше дека за една година патот ќе биде целосно обновен.

До крајот на месецот ќе започне реконструкцијата на уште пет регионални правци Бошков Мост- Дебар, Делчево- Голак, Мелнички мост- Центар Жупа, Лажани – Црнилиште и Кривогаштани- Обршани во должина од 50 километри. За обновата ќе бидат инвестирани над 10 милиони евра.