Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница

Државното обвинителство денеска соопшти дека е почнат увидот во фабриката „Макпрогрес“ Виница каде во пожар изгореа производствен погон и две магацински простории.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот, информираат од Обвинителството.
Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер, а во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзорот и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.
По гаснењето на пожарот, јавен обвинител бил на лице место во фабриката „Макпрогрес“, но увидот не можеше да се почне затоа што пожарот не беше во целост изгаснат.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна во саботата околу 18 часот. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини. Повредени беа 18 лица, од кои 13 хоспитализирани.
Менаџментот на компанијата преку соопштение до јавноста им се заблагодари на сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот и порачаа дека фабриката ќе биде обновена, а вработените кои физички ги изгубиле работните места, ќе бидат задржани.
- Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница. Но потребно ни е време за тоа, време во кое ќе мораме да направиме план за консолидација на производните линии кои останаа во функција, а со крајна цел сите вработени кои физички ги изгубија своите работните позиции да ги прераспоредиме на други производни линии и да успееме да ги задржиме сите вработени на работа, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
