Почна уривањето дивоградби во Охрид
Со активности на објект на улицата „Марко Нестороски“ денеска Општина Охрид почна со најавуваното уривање на дивоизградените објекти низ градот и долж крајбрежјето.
Според соопштението од Општина Охрид, се постапува согласново законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.
Со акцијата за уривање паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти што се во тек на израдба и оние дивоградби опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, што се изградени во периодот од 2006 до 2019 година.
Според динамиката, прво ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.
Објектот што денеска почна да се урива е во сопственост на физичко лице, изграден до фаза на карабина, а се градел без соодветно одобрение за градење.
Од Општина Охрид најавуваат дека целосно е посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите, со уште еден повик до сопствениците на дивоизградени објекти, да постапат согласно добиените решенија за отстранување на градбите. Во спротивно отстранувањето ќе го изврши општината, а трошоците за отстранување ќе ги сносат лицата кои се задолжени во решенијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров

