Почна судскиот процес против Фетулах Ѓулен

Во Судот за тешки кривични дела во Анкара денеска почна судскиот процес против исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен и лица поврзани со неговата организација, под обвинение за организирање на обидот за преврат во Турција во јули годинава.
Како што јави ТАСС, на почетокот на процесот, судијата соопшти дека адвокатот на Ѓулен, кому му се суди во отсуство, го информирал дека „нема да го брани обвинетитот“.
Адвокатот Алихан Унџу беше именуван како бранител на Ѓулен по службена должност од страна на Адвокатската комора од Анкара уште во септември годинава, но тој протестираше поради ваквата одлука и се закани со напуштање на асоцијацијата доколку не биде сменет од овој судски процес, но Комората го одби неговото барање.
Во рамки на овој судски процес обвинети се вкупно 73 лица, од кои најголемиот број се поранешни раководители и вработени во институциите под покровителство на организацијата на Ѓулен, како и неколкумина поранешни пратеници.
Јавното обвинителство за дел од обвинетите бара по неколку доживотни затворски казни, а за дел максимум до 132 години затвор. Тие, меѓу останатото, се товарат за обид за насилно уривање на Владата, за воена шпионажа и за фалсификување на службени документи.
Проповедникот Ѓулен живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија и Вашингтон досега не одговори позитивно на барањето на Анкара за негово апсење и екстрадиција во Турција. Уште по упатувањето на првото барање за екстрадиција, американските власти соопштија дека ќе и го предадат Ѓулен на Турција, доколку добијат недвосмислени докази за негова вмешаност во обидот за преврат.
Ѓулен од своја страна негира каква и да е негова поврзаност со неуспешниот државен удар во Турција.
Ново на Сител
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
