Македонија
29. March 2018 - 17:14

Почна судењето за поранешниот градоначалник на Битола Талевски за случајот ,,Офицерски дом‘‘/

 Во Основниот суд во Битола денес започна главната расправа во процесот против поранешниот градоначалник, Владимир Талески во кој овинителството го товари за несовесно работење и непреземање на сите законски мерки за заштита на објектот познат како Офицерски дом.

- Апсолутно не се чувствувам виновен. Напротив, како градоначалник во тој период направив се за да се искористат сите законски можности за побрза санација на Офицерскиот дом, рече денес поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески на почетокот на главната расправа од процесот кој против него го води Јавното обвинителство од Битола, а во кој тој е обвинет за несовесно работење со што придонел споменик на културата да се претвори во рушевина. Обвинителството побара одговорност и за кристалниот лустер кој ја красеше балската сала на домот, тврдејќи дека имал непроценлива вредност, а кој пред две години беше демолиран. Одбраната, пак, смета дека станува збор за обичен лустер кој и денес може да се најде во слободна продажба