Почна средбата на Заев со Села и Гаши за решение за законот за државјанство

Во Собранието денеска почна средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.
Ова е трета средба на Заев со претставници на албанската опизиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива и треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.
На средбата присуствуваат и министерот и заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Назим Буши, пратеничката Илире Дути од Алијанса за Албанците, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој е од редовите на БЕСА.
Премиерот Зоран Заев во понеделникот по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишира со законското решение за државјанствата. И претседателот на АА Села истакна дека се на добар пат се да се најде заедничко решение во врска со законот за државјанство.
Ново на Сител
-

Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Нема веднаш да се казнува ако се пушат цигари на места каде е забрането – законот ќе се спроведува во фази
-

Нови правила за вработување во здравството
-

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар
-

До април Владата ќе очекува детален извештај како работеле 43-те лиценцирани фирми за канабис
-

Судењето за полицајците обвинети за работата на „Пулс“ закажано за во март
-

Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца
