Почна средбата на лидерите на политичките партии кои го поддржуваат референдумот
Почна средба на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите кои се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
На средбата која се одржува на иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, присуствуваат лидерите на ДУИ, НСДП, ДПА, ДОМ, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ПЕИ, Достоинство, Али Ахмети, Тито Петковски, Мендух Тачи, Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Љубе Бошковски, Фијат Цановски, Стојанче Ангелов и други.
Тема на средбата, како што претходно информираа од СДСМ, е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Република Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и сите наши граѓани.
Пред почетокот на средбата, која се одржува во хотелот „Холидеј Ин“, Заев изјави дека се поканети лидери на партии кои имаат про-европски и про - НАТО ставови и го поддржуваат референдумот. Тој истакна дека на Македонија и е потребна национална коалиција во врска со вакви важни прашања.
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”