Македонија
10. November 2015 - 19:37

Почна со работа Академијата за филм во Охрид

Со македонскиот кадидат за оскар Медена ноќ, почна практичната настава на филмската академија во Охрид.Стратуваше со работа институтот во кој за почеток ќе се образуваат 12 студенти во областа на драматургијата, креативната продукција, сценографијата. Студентите имаа можност да разговараат со режисерот но и нивен професор Иво Трајков, да се запознаат со одреденаи детали за филската продукција , но и да добијат податоци корисни за нивната стручна наобразба.

На филмската академија во Охрид предвидено е еднаш неделно да се проектираат филмови, како дел од наставната програма на оваа институција.

Академијата во Охрид е формирана во соработка со престижната филмска школа за сценски уметности во Прага. Настава ќе се одвива на англиски јазик а студиите ќе траат 3 години. Покрај домашните, наставниот кадар ќе го сочиунуваат и визитинг професори од ФАМУ Прага. Школувањето на 12-те студенти е целосно покриено од државата. Академијата е во склоп на Штипскиот Универзитет.