Почна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“
Почна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, а по сценарио на Бранко Костески. Филмот се снима на повеќе локации во околината на Скопје и Битола.
Филмот жанровски е драма и во него се раскажува за млада учителка која пристигнува во едно планинско село за да ги учи децата, но единствениот човек што го среќава таму е старата служителка на училиштето. Додека учителката ги чека децата да дојдат во училиштето, таа открива поинакви животни тајни.
Актерската екипа ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Шенка Кољозова и Владимир Петков.
Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминката е на Ѓулфери Качаревиќ, а продуценти се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, а се реализира во соработка со Факултетот за драмски уметности од Скопје.
Ново на Сител
-
Данската премиерка нападната среде Копенхаген, напаѓачот уапсен
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло, температура до 36 степени
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница