Почна снимањето на филмот „Златна петорка“

Во Струмица денеска почна снимањето на играниот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, според мотиви на книгата на Братислав Ташковски. Првата клапа падна кај споменикот на петтемина струмички студенти во Малиот парк во градот. Продуцент на филмот е „Револушн“.
Режисерот Тренчовски изјави дека е исклучителен предизвик да се работи на игран филм за настан што се случил во 1951 година, посочувајќи дека преовладува интимната драма и стегата против тогашниот режим, како и личните судбини на петтемина струмички студенти кои ги загубиле животите мистериозно и апсурдно.
- Протагонистите што ги толкуваат ролјите во филмот даваат се од себе. Тоа е едно големо ветување за нас како екипа, дека ќе направиме одличен филм. Сите се обврзуваме со предлошката на сценариото работено по мотивите на драмата и романот на Братислав Ташковски, дека ќе се внурнеме во тој свет на фикцијата и заедно со сцените коишто се реминисценција на едно минато и со сегашните сцени ќе направиме своевидна реконструкција односно, би рекол, играна фикција, рече Тренчовски.
Тој е задоволен од условите за работа и е благодарен за помошта од граѓаните на Струмица како и од локалната власт и советите на општините Струмица, Василево и Босилово.
Продуцентот Дејан Милошевски истакна дека филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РМ и дека за снимање се планирани 24 работни дена.
- Имаме доста локации низ Струмица, а една од клучните сцени ќе ја снимиме на Смоларските водопади. Филмот на почетокот на февруари ќе биде на финална монтажа и се надеваме да биде готов до крајот на април или на почетокот на мај. Официјално што знаеме е дека на 13 август во Струмица ќе биде премиерата на филмот, рече Милошевски.
Директор на фотографија е Апостол Трпески. Во актерската екипа се: Славко Штимац, Петре Арсовски, Љупка Џундева, Ненад Милосављевиќ, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Александар Ристовски, Влатко Илиевски, Васил Михајлов, Стојан Велков, Биљана Таневска, Диме Дрваров, Виктор Јакимовски, Григор Јовановски и Игор Тодоров.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
