Почна „Скопје креатива 2017“
Во Младинскиот културен центар вчеравечер почна фестивалот на креативни индустрии „Скопје Креатива“ и ќе трае до 6 мај.
Публиката на „Скопје креатива“ ќе има можност за прв пат да ги види уникатните дизајнерски решенија на многубројни македонски компании и самостојни уметници, кои создаваат производи со исклучително квалитетна уметничка и естетска вредност, а од кои нашето општество има индустриски и економски бенефит.
Под мотото „Креирај, кокреирај!“ во текот на фестивалот ќе се одржат над 30 настани распоредени во три дена, осносно ќе се одржат изложби, работилници, предавања, работилници за деца, за средношколци, за дизајнери... Ќе има и гостувања на врвни светски дизјанерски имиња, кои ќе одржат работилници и предавања во рамки на програмата.
Организаторите на фестивалот, како што соопшти Град Скопје, при изборот на проекти во прв план ја ставиле оригиналноста и иновативноста на концептот со цел надминување на класичните поделби по области во уметноста, современ пристап во поврзување на нови технологии и дигитални медиуми во уметничкото творештво и други облици на креативно изразување, промоција и активности за подигнување на свеста за значењето на креативните индустрии, поттикнување на претприемничките и бизнис вештини на младите, уметниците и поединци во рамките на креативните индустрии.
Годинава учесници се Изабела Новотни со Уметноста на кукленото мајсторство, Невена Тодоровска со Мулти-Фан-Акција, Драган Христов со Експериментална унисекс колекција, ХАЕМУС со Розалии – прослава за празникот на розите, Газменд Ајруловски со Виртоскоп, Вера Христовска со Разгледници од Македонија и многу други креативци.
„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“. За реализација на фестивалот од буџетот на Градот Скопје се издвоени средства во висина од 3 милиони денари.
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар