Почна Седницата на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева
Советот на јавни обвинители ја почна вонредната седница на која разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е единствена точка на дневиот ред.
Претходно денеска Собранието на Република Северна Македонија во рамките на 112-тата седница ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители.
На седницата на Советот на јавни обвинители се присутни осум од вкупно 11. членови на Советот. За да донесат валидна одлуката сите треба да гласаат за разрешување на Јанева.
Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, истекува утре, 15 септември
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

