Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ
Почна деветтата седницата на Централниот одбор на владејачката СДСМ во Охрид.
На седницата се очекува избор на новото партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени.
На дневен ред се и суштинските промени во партијата, новиот систем на дејствување и работа на партијата и напредокот на државата.
Метлата, која лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја најави по завршувањето на претседателските избори почна токму во неговата партија. Сите 78 претседатели на општински организации се сменети од позициите. За тоа тој како лидер, според партискиот статут, има директна надлежност.
Разрешени се и целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени на седницата на Централниот одбор минатиот месец.
Според одлуките, што беа донесени со консензус, разрешени беа Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.
Ново на Сител
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки